Ова езеро во Пакистан е старо само девет години, но поради бојата е веќе атракција (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Езерото Атабад на северот на Пакистан се формирало на 4 јануари 2010 година, при голем одрон на карпа. Одронот бил кобен за дваесет мештани во долината на реката Хунза и предизвикал голема материјална штета.

Loading...

Текот на реката Хунза бил блокиран пет месеци, што оневозможило нормален живот во околните села, а откако водата започнала да продира, преку природната брана поплавени се многу места, патишта, училишта, продавници и домови.

До овој дел на Пакистан можело да се дојде само со хеликоптер, поради што на многу луѓе им недостасувала храна, пивка вода и медицинска помош.

Меѓутоа, од ова природна катастрофа се формирало езеро кое во јуни 2010 година било долго 21 километар, а на некои места достигнувало длабочина од 100 метри.

Тиркизната боја на водата меѓу импресивните планини во меѓувреме станала туристичка атракција која ја посетуваат бројни туристи од сите делови на светот. Некои дури тврдат дека Атабад е најубавото езеро во Пакистан.

фото: Wikimedia/Hassanjawaid

Leave a Reply