Полициската агенција на ЕУ (Европол) денеска објави дека испратила тимови во земјите кои граничат со Украина во обид да ги заштити бегалците и да спречи влез на криминалци и терористи во Унијата.
Агенцијата со седиште во Хаг соопшти дека нејзините тимови ги поддржуваат локалните власти со спроведување секундарни безбедносни проверки и обиди да „идентификуваат криминалци и терористи кои се обидуваат да влезат во ЕУ заедно со бегалците и да ја искористат ситуацијата“.
Британија: Русија ги повлекува своите сили од Грузија и ги подготвува за Украина
Екипите беа испратени во Литванија, Полска, Романија, Словачка и Молдавија, по барање на тие земји, а еден ќе пристигне во Унгарија.
Нивните членови ќе собираат податоци на терен за да ја проценат заканата од криминал низ Европа.
Според Обединетите нации, од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, повеќе од четири милиони луѓе ја напуштиле Украина.