Оваа работна недела очекуваме релативно топло време, со тоа што најтопло ќе биде на самата средина на истата. Сепак неможе да се каже дека очекуваме „пекол“ топло заради тоа што температурата која што се очекува оваа работна недела нема да надмине 38°С, и тоа во најтоплиот регион, југот на повардарието.
Генерално, максималната температура неделава ќе има вредности од 35°С до 38°С во повардарскиот регион и низините во источниот крај. Пелагонија очекува максимална температура која неделава нема да надмине 33°С, додека во Охрисдско – Преспанскиот таа ќе има вредност околу 31°С. Повисоките места во Осогово и малешевијата ќе бидат посвежи, со максимална температура околу 30°С.
Поведро ќе биде во источниот крај. Таму оваа недела врнежи речиси и не се очекуваат. Во западниот крај пак, се очекува краткотрајна попладневна нестабилност која ќе донесе само локален дожд, и тоа пред се околу планините во овој крај.
Среда и четврток се со најмала веројатност за дожд.
Засега, позначителен дожд се очекува кон крајот на петок.