Еве каква е излезноста низ Македонија до 13 часот

Сподели со своите пријатели

Излезноста до 13 часот на вториот круг претседателски избори во Македонија е 22, 68%, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.

Loading...

Овој процент се базира на вкупно 97,17 отсто од обработени избирачки места.

Право на глас на вториот круг од претседателските избори во Македонија имаат 1.815.350 избирачи.

На парламентарните избори своето гласачко право до 13 часот го оствариле вкупно 25,77 отсто од лицата со право на глас.

Право на глас за парламентарните избори во Македонија имаат 1.815.350 избирачи.

Никола Ивановски