ЕУ вети над милијарда евра за Африка

Сподели со своите пријатели

Европската унија и некои земји-членки ќе придонесат повеќе од една милијарда евра за да и помогнат на Африка да се прилагоди на климатските промени, објави во Египет потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс.

Loading...

„Заедно, Европската унија и четирите земји-членки – Данска, Франција, Холандија и Германија – ќе обезбедат повеќе од една милијарда евра за да и помогнат на Африка да се прилагоди“, објави Тимерманс на самитот за климата COP27 во одморалиштето Шарм ел Шеик.

Таа иницијатива мора да започне нови и постоечки програми за прилагодување, соопшти Комисијата без да прецизира за колкав процент од новите програми станува збор.

Средствата ќе бидат искористени за собирање податоци за климатските ризици, потоа за зајакнување на системот за рано предупредување за населението за непосредна катастрофа и помош за собирање пари, вклучително и од приватни извори, за борба против климатските промени.

Дел од парите ќе бидат наменети за покривање на загубите и штетите што ги претрпе континентот.

Покривање на штети

Токму за финансирањето на „загубите и штетите“ што ги претрпеа земјите од Југот затоа што тие се најизложени на климатските промени се расправаат учесниците на самитот COP27.

Европската унија најави дека конкретно ќе бидат доделени 60 милиони евра за покривање на штетите.

Од друга страна, Тимерманс го отфрли предлогот на групата Г77+Кина, која собира повеќе од 130 земји во подем и сиромашни земји, за формирање конкретен финансиски фонд за компензација на штетите. Тој тогаш рече дека ЕУ ќе даде свој предлог.

Loading...

Предлогот што го предложи групата Г77 + Кина „почнува од ситуацијата каква што постоеше пред 30 години, а не од 2022 година, и затоа, ако почнете од 1992 година, земјите кои денес имаат огромни финансиски ресурси и имаа голем економски раст, би биле изземени. а не треба да се уплаќа во фонд од кој би им се помагало на најранливите. Мислам дека тоа е неприфатливо“, изјави Тимерманс за новинарите.