Европската унија (ЕУ) се подготвува да ѝ изрече рекордна казна на Мета, матичната компанија на Фејсбук, за нарушување на приватноста со пренесување на податоците на корисниците на Фејсбук од ЕУ на сервери во Соединетите Американски Држави (САД) и непочитување на судските предупредувања.
Казната ќе биде поголема од претходниот рекорд, казната од 746 милиони евра што ЕУ ја изрече на Amazon.com, велат изворите, пренесува Hrportfolio.
Мета одби да коментира.
Европските регулатори, предводени од ирската комесарка за заштита на податоци Хелен Диксон, ја финализираат забраната за правната алатка што ја користи Фејсбук за пренос на податоците на европските корисници во САД, поттикнати од стравувањата дека американските разузнавачки служби би можеле да добијат пристап до податоците.
Во април тие предупредија дека ирскиот регулатор за заштита на податоците има рок од еден месец да издаде наредба за блокирање на трансатлантскиот пренос на податоци на Facebook.
Забраната би можела да стапи на сила во наредните денови.
Во 2020 година, највисокиот суд во Европа го поништи договорот за пренос на податоци меѓу САД и ЕУ, повикувајќи се на стравувања од надзорот.
Мета минатата година предупреди дека поради забраната за механизмот што го користат за пренос на податоци од Европа во САД, би можеле да бидат принудени да ги прекинат услугите на Фејсбук на Стариот континент.