Евроспката унија може значително да ја зголеми употребата на обновливи извори на енергија, заштедувајќи милијарди долари, се наведува во истражувањето на Меѓународната агенција за обновлива енергија.
ЕУ може рентабилно да го зголеми за 34 проценти делот на зелените енергетски извори во енергетиката до 2030 година, наместо 27 проценти предвидени во моментов во плановите, покажува истражувањето на Агенцијата.
– Ако ЕУ ги искористи сите опции на обновлива енергија, таа би постигнала намалување на расходите од 25 милијарди долари годишно до 2030 година, во споредба со трошоците при користење на конвенционалните извори, покажува истражувањето.