Производите од пластика за еднократна употреба, како чинии, прибор, цевчиња или стапчиња за уши, ќе бидат забранети во Европската унија, судејќи по плановите кои со големо мнозинство ги усвоија европратениците.
Според анцрт плановит екои ги усвоил Европскиот парламент, тие производи, кои го сочинуваат 70 отсто од отпадот во морињата, ќе бидат забранети на европскиот пазар до 2021. година. На листата забрани додадени се и производи од оксо-биоразградлива пластика, како ќеси или амбалажи за храна од полиестер.
Истовремено во членките на У потрошувачката на некои производи за кои се уште постои алтернатива ќе бидат намалени за 25 отсто до 2025. година. Меѓу нив кутии за седвичи и палети за вода, колачи и сладолед за енократна употреба.
НЕМА ПОВЕЌЕ ПЛАСТИКА: Во оваа земја може да лежите затвор поради кеса
Loading...
Како што наведува ЕП, членките на ЕУ ќе ги усвојат националните планови за да го охрабрат користењето на производи за повеќекратна употреба, како и оние кои можат да се рециклираат.
Останатите производи од пластика, како шишиња за пијалаци, одвоено ќе се собираат и рециклираат и тоа до 90 отсто до 2025. година.