Естонија: Шведското и финското членство во НАТО ќе ја зголеми безбедноста на Балтикот

Сподели со своите пријатели

Влегувањето на Шведска и Финска во НАТО ќе ја зголеми безбедноста на Балтикот, изјави естонската министерка за надворешни работи Ева-Марија Лиимец.

Loading...

„Кога ќе видиме дека другите демократии во нашето соседство припаѓаат на НАТО, тоа значи дека можеме да имаме пошироки заеднички вежби и, исто така, поголема соработка во одбраната“, рече Лиимец во Берлин, каде што присуствуваше на состанокот со колегите од другите земји-членки за време на викендот.

 

Петти топлотен бран во Индија ова лето: Измерени речиси 50 степени

 

„Би имале посилно присуство на копнени сили“

Лиимец рече дека се надева оти Шведска, Финска и Турција ќе ги надминат разликите во мислењата околу влезот на нордиските земји во алијансата, додавајќи дека атмосферата на состанокот во Берлин била полна со поддршка.

„Видовме некои разлики, но ја видовме и подготвеноста на овие земји да ги надминат разликите“, рече Лиимец.

Loading...

Естонија цени дека НАТО го зајакнува своето присуство на Балтикот, но би сакала и сојузниците да почнат да ја зајакнуваат нејзината одбрана, а не само присуството.

 

Дојава за бомби во 97 училишта во Белград

 

„Тоа би значело дека ќе имаме посилно присуство на копнени сили, но и сили за воздушна и поморска одбрана“, заклучи естонскиот министер.