Ердоган: Турција ги продолжува преговорите со Русија и Украина за крај на војната

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека оваа земја ги продолжува разговорите со Украина и Русија за прекин на војната.

Loading...

– Преку договорите за транспорт на жито и размена на заробеници меѓу Русија и Украина, гледаме дека е можно да се трасира патот кон мирот, доколку и се даде можност на дипломатијата – рече Ердоган на трипартитниот самит на Турција, Азербејџан и Туркменистан.

Прекин на огнот

Тој посочи дека во таа насока продолжуваат разговорите со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Се надеваме дека прво ќе постигнеме прекин на огнот, а потоа траен мир во нашиот регион – рече Ердоган.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

Ердоган, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и туркменскиот лидер Сердар Бердимухамедов денеска се сретнаа во градот Аваза во западен Туркменистан, на разговори околу чекорите за понатамошно подобрување на соработката меѓу трите земји во различни области, особено во трговијата, енергетиката и транспортот.

Статус на набљудувач

Претседателот на Турција рече дека треба да се започнат активности за транспорт на гас од Туркменистан до западните пазари.

– Подготвени сме да работиме на пренос на електрична енергија од Туркменистан и Азербејџан во нашата земја – рече Ердоган.

Ердоган додаде дека полноправното членство на Туркменистан во Организацијата на турските земји ќе ја зајакне групата. Од 2021 година Туркменистан има статус на набљудувач во оваа организација.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полски државјанин уапсен под сомнение дека учествувал во заговор за убиство на Зеленски

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.