Во синоќешната престрелка во село Лопате, кумановско, ранети се две лица, додека по двајца се трага.
Loading...
Имено, во 20,45 часот во селото Лопате-Куманово, во близина на пругата, по претходна расправија, браќата Фуркан (33) и Фарук (36) Авдии од с.Липково со ПМВ „ФВ-Венто“ им го пресекле патот на Ремзи Алили (20) и Фатон Зендели (22) од с.Отља, кои се превезувале со патничко моторно возило „ФВ-Шаран“, по што физички ги нападнале и со тврд предмет им нанеле телесни повреди, и испукале неколку истрели од огнено оружје кон нив, но не ги погодиле, а два проектила завршиле во каросеријата на возилото.
Ремзи и Фатон се хоспитализирани во МЦ Куманово, а по Фуркан и Фарук се трага, пишува Репортер