Емил Димитриев ќе го замени Никола Груевски, откако денес неговата оставка беше депонирана во Собранието на Република Македонија.
Димитриев ќе делува како технички премиер, со функција и обврска да ги спроведе предвремените парламентарни избори.
Во време на назначувањето, тој ја извршува функцијата генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ од јули 2013 година каде е задолжен за кадровски прашања, вработувања и теренска работа со членството.
Роден во Пробиштип. Дипломирал социологија, а подоцна студирал и на Воената академија за резервни офицери.
Во 2008 година станува заменик министер за одбрана, а во 2011 година е избран за пратеник.
Како што јавува ТВ Телма, неговиот имот кој е пријавен во Антикорупциската комисија се проценува на 14 ооо евра.
Поседува автомобил Опел Астра а во анкетниот лист е наведен и имотот на родителите во Пробиштип и нивните плати. На име на сопругата пријавил парични средства од 20 000 денари а на децата 10 000 денари.
Извор: Телма.мк