Еликсир за пушачи што ги прочистува белите дробови

Сподели со своите пријатели

Ако сте долгогодишен пушач најверојатно страдате од онаа непријатна и постојана кашлица, карактеристична за пушачите. Знаете дека за да ја подобрите здравствената состојба е добро да се откажете од штетната навика.

Но, ако тоа е премногу тешко за вас, споделуваме еден еликсир за прочистување на белите дробови, кој содржи целосно природни состојки.

Ѓумбир – зачин, која е користен во текот на долги години со лековита цел и кој може да помогне за прочистување на белите дробови.

Кромид – Придобивките за здравјето од потрошувачката на кромид се познати. Зачинот има антиканцерогени својства, но исто така го намалува и ризикот од развојот на различни респираторни заболувања.

Куркума – Еден одличен индиски зачин богат со витамини, минерали и омега-3 масни киселини. Исто така има антивирусни, антибактериски својства и го намалува ризикот од развој на некои видови рак.

Како да си приготвите елексир? Еве ги и точните состојки, како и некои додатоци кон нив:
400 грама кромид
1 л вода
400 грама кафеав шеќер, кој може да го замените со мед или јаворов сируп
2 лажици куркума
парче ѓумбир (околу 3-4 см корен од зачин)

Начин на приготвување:

Сварете ги водата и шеќерот заедно. Исечете го кромидот на ситно, излупете и изрендајте го ѓумбирот и додадете го кон останатите состојки. Кога смесата ќе зоврие, ставете и куркума и оставете на тивок оган додека да се  намали обемот на половина и се згусне.

Кога ќе се излади може да ја пресипете во тегли и да ја чувате во фрижидер.

Конзумирајте од елексирот наутро на гладно по 2 лажици и навечер два часа по вечерата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мозочните функции кај мажите се намалуваат од пушењето цигари

Leave a Reply