Еквадор прогласи вонредна состојба поради насилни судири

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Еквадор Гиљермо Ласо прогласи вонредна состојба и ноќен полициски час во три крајбрежни провинции, поради бранот насилства во кои загинаа најмалку осум лица за време на викендот.

Loading...

Ласо прогласи вонредна состојба во провинциите Манаби и Лос Риос и во градот Дуран, во близина на Гвајакил, откако во неделата беше застрелан градоначалникот на крајбрежниот град Манта, Агустин Интриаго.

Истрагата за убиството на градоначалникот е во тек, рече Ласо.

Исто така, за време на викендот избувнаа немири во затворот Penitensiaria del Litoral, во Гвајакил, по судир со банди во затворот, пренесува Reuters.

Најмалку шест затвореници загинале, а 11 се повредени во немирите во неделата, според управата на затворот SNAI.

Затворениците зедоа 96 чувари како заложници во затворите во Котопакси, Азуај, Канар, Ел Оро и Напо и го продолжуваат штрајкот со глад кој започна во неделата во 13 еквадорски затвори, без да ги откријат причините за штрајковите.

Затворскиот систем во јужноамериканската земја со децении се соочува со структурни проблеми, а насилството во казнените институции е зголемено од 2021 година, при што најмалку 400 луѓе ги загубиле животите во затворски конфликти, потсетува британската агенција.

Ласо често прибегнува кон прогласување вонредна состојба додека Еквадор се бори со немири во затворите и бранови на насилство низ целата земја.

Loading...

„Не можеме да негираме дека организираниот криминал проникнува во државата, политичките организации и самото општество, а тоа е проблем кој постои повеќе од една деценија“, рече претседателот на Еквадор по состанокот на безбедносниот кабинет.

Вонредната состојба ќе трае 60 дена, а полицискиот час ќе варира во тој период, соопшти Владата.