Експлозија во Германија: Се урна зграда, спасувачите бараат луѓе под урнатините

Сподели со своите пријатели

Од утрово спасувачите во источна Германија трагаат по три лица кои се водат за исчезнати по експлозијата и уривањето на зградата во која престојувале.

Полицијата соопшти дека е можно синоќешната експлозија во градот Герлиц, на границата со Полска, да била предизвикана од истекување на гас.

Спасувачите синоќа безуспешно се обиделе со помош на кучиња трагачи да ги лоцираат исчезнатите под урнатините, а рано утринава со багер и рачно почнале да ги чистат пропаднатите делови од зградата.

Најпрво се претпоставуваше дека пет лица се заглавени во урнатините, што подоцна се покажа дека не е точно, додава полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца тинејџери убија три лица во џамија во Сан Диего, а потоа се самоубија

Становите во зградата главно се користеле за издавање и одмор.

Герлиц е најисточниот град во Германија и има околу 57.000 жители, а неговиот стар град е популарна дестинација за меѓународни филмски продукции.