Екрем Тефики е ново засилување на ГФК Куманово

Сподели со своите пријатели

Екрем Тефики е нов член на Градскиот фудбалски клуб Куманово кој се подготвува за силен настап оваа сезона.

Loading...

Од управата на клубот очекуваат Тефики да биде добро освежување за напаѓачката формација.

Инаку Тефики има настапувано во Милано, Работнички и Металург во младински категории, како и во Братство Прилеп и Кадино Скопје во сениорскиот фудбал.

Екрем е од Куманово и потекнува од позната спортска фамилија.

Претходно клубот се засили со голманот Горан Трајковски, а за шеф на стручниот штаб беше назначен Даниел Стојановски.

Кон исполнување на желбата за повисокиот ранг на натпреварување оваа сезона клубот ќе го засилат и Иван Мицевски, Димитар Иванов и Петре Тасевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бранителот Бобан Трајковски доби мурал во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Никола Ивановски