ГФК Куманово се засилува: Стојановски и Трајковски веќе потпишаа!

Сподели со своите пријатели

Горан Трајковски и Даниел Стојановски се нови членови на Градскиот фудбалски клуб Куманово, со кои управата ќе атакува на влез во Втората лига.

Loading...

Кумановецот Даниел Стојановски е нов шеф на стручниот штаб, кој многу млад почнал да ја гради својата кариера во други градови во Македонија.

Стојановски во својата кариера бил помошен тренер во Пелистер и главен тренер во Велешта,Воска Охрид и Слога Виница.

– Иако млад има стекнато доста искуство да ја поведе екипата на местото каде што сакаат да го видат многу кумановци, но и други љубители на фудбалот ширум Македонија, велат од управата на ГФК Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бранителот Бобан Трајковски доби мурал во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

 

 

Горан Трајковски пак ќе го брани голот на Куманово во претстојната сезона. Тој има големо искуство и ќе биде одлично засилување за тимот.

Loading...

Трајковски во својата кариера ги бранел боите на неколку прволигашки и неколку второлигашки екипи од Македонија.

Има настапувано во Работнички, Македонија ЃП, Силекс на два пати, Плачковица, Воска, Саса и Слога Виница.

 

 

Во наредните денови, управата најавува уште засилувања со неколку квалитетни фудбалери кои исто така имаат настапувано во прва и во втора македонска лига.

– Со овие засилувања и со нашите фудбалери кои ги имаме во нашиот клуб кои се исто така квалитетни фудбалери кои минатата сезона завршија на трето место на табелата ни дава за право да бидеме главни фаворити за влегување во втора македонска лига, додаваат од клубот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бранителот Бобан Трајковски доби мурал во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Управата им се заблагодари на досегашниот шеф на стручниот штаб Жанко Савов и неговиот помошник Виде Спасовски Батко за соработката и им упатија желби за успех во понатамошните кариери.

Loading...

Никола Ивановски