Европската комисија одобри план за закрепнување на Бугарија вреден шест милијарди евра, но според претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен, парите ќе дојдат само со спроведување на реформите, пишува Еурактив.
Loading...
„Речиси 60 отсто од планот ја поддржува зелената транзиција. Тоа е исклучително важно“, изјави фон дер Лајен.
Но, таа го пофали и задолжителното спроведување на реформата на антикорупциската комисија и воведувањето механизми за одговорност на јавниот обвинител.
Но, за тоа се потребни измени на законот, а можеби и на Уставот, за кои владејачката коалиција нема доволно пратеници.