Кумановка тешко повредена откако ја удрил автомобил во Скопје

Сподели со своите пријатели

Педесетгодишна кумановка се здобила со тешки телесни повреди откако во неа вчера удрило возило „мазда“ во Скопје.

– На 14.06.2026 околу 15:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Крушевска Република“ со ул.„Мирче Ацев“ во Скопје, патничко возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(56) од Скопје, удрило во 50-годишната С.Б. од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Б., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

Никола Ивановски