Еден приведен за опожарените возила и објект во Куманово

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишник е приведен во врска со случајот со опожарените возила и објект на функционери на ДУИ во Куманово.

Loading...

– Денеска (05.12.2024) во 01.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, по претходно добиени оперативни информации и координација на СВР Куманово со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(35) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, тој се сомничи дека на 02.12.2024 во Куманово опожарил три патнички моторни возила и еден деловен објект.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Александар Гелевски нов директор на Агенцијата за планирање на просторот

– Ф.А. бил приведен и задржан во Полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

 

Никола Ивановски