Еден од најбогатите руски политичари е пронајден мртов пред хотел во Индија

Сподели со своите пријатели

Рускиот политичар, претставник и мултимилионер Павел Антов, член на партијата на Путин, Единствена Русија, е пронајден мртов пред хотел во Индија, пишуваат британските таблоиди кои се повикуваат на индиски медиуми, по мистериозниот пад од прозорецот на хотелот.

Loading...

Тие пишуваат дека руски тајкун, сопственик на позната фабрика за колбаси, скокнал од покривот на хотелот и бил пронајден во локва крв.

Неговиот индиски водич итно го однел во локална болница, но таму бил прогласен за мртов.

Антов бил на патување со тројца негови пријатели по повод неговиот 66-ти роденден.

Медиумите јавуваат дека неколку дена пред него починал еден од неговите пријатели откако доживеал срцев удар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

Додаваат дека не е исклучено Антов да се самоубил поради смрт на пријател.

Смртта на Антов ја потврдил рускиот конзул во Калкута, велејќи му на Тас дека Антов паднал низ прозорецот на хотелот.

„Внимателно ја следиме истрагата“, рече конзулот.

Loading...

Антов го критикуваше нападот врз Украина

Антов во јуни го критикуваше нападот врз Украина и воздушните напади врз Киев ги нарече руски терор, пишува Дејли Мејл, но набрзо се извини за таквите изјави.

Тој рече дека неговиот коментар е недоразбирање и дека секогаш го поддржувал Путин и целите на неговата воена операција.

Антов беше меѓу најбогатите руски политичари, двапати беше на листата на најбогати Руси на Форбс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост