Ечат тапани во Галичник: Втор ден Галичка свадба

Сподели со своите пријатели

Со екот на тапаните, денес во с. Галичник започна одржувањето на 42 – та Галичката свадба или Петровденската Галичка свадба — манифестација која се одржува секоја година на православниот празник Петровден.

Loading...

Свадбата е богата со многу единствени свадбарски обичаи и ритуали. Во деновите на свадбата, пиштат зурлите и ечат тапаните „од Галичник до Река“, со сиот подземен и надземен екот кон каменот на Бистра и небесниот свод.

Секоја година посебна комисија избира двајца млади кои ќе се венчаат на Галичката свадба. Еден од предусловите е барем еден од младите да потекнува од Галично семејство.

Со одлука на Советот на месната заедница Галичник, кој е организатор на манифестацијата, годинашни младенци се Билјана Геговска, која потекнува од старо галичко семејство и Филип Белчев.

Галичката свадба обединува над 30 свадбени обичаи карактеристични за мијачкиот крај од кои повеќето и денес се изведуваат за време на свадбени веселби.

Loading...

Секоја година за време на Галичката свадба, се почитуваат голем број на обичаи кои ја карактеризираат оваа свадба: чукањето на тапаните, свекрвино оро, носењето на невестата на вода, поставувањето на свадбарскиот бајрак, канењето на мртвите, бричењето на зетот, земањето на невестата, замесувањето на лебот, венчавањето во црквата „Св. Петар и Павле”, и други обичаи, кои полека изумираат но кои во себе содржат и кријат многу детали од животот на Галичанецот во минатото.

Во Галичник сега живеат само два житела , но на 12 јули има над 5000 жители кои доаѓаат да ја гледаат Галичката свадба