Џорџа Мелони најави кандидатура за Европскиот парламент

Сподели со своите пријатели

Италијанската премиерка Џорџа Мелони соопшти денеска дека ќе се кандидира на изборите за Европскиот парламент зад нејзината десничарска партија Браќа на Италија (ФДЛ), пренесува Анса.

Loading...

„Ако сакате да ми кажете дека верувате во мене, напишете го името Џорџа на лист хартија, бидејќи јас сум, како и секогаш, еден од вас“, рече Мелони на настан во Пескара во неделата, додавајќи дека „моќта нема да ја промени“, и дека е горда што е дел од народот.

Изборите за Европскиот парламент ќе се одржат во недела на 9 јуни.