Џорџ Клуни собрал 30 милиони долари за Бајден, па го повика да се повлече

Сподели со своите пријатели

Холивудскиот актер Џорџ Клуни го повика американскиот претседател Џозеф Бајден (81) да се откаже од претседателската трка, неколку часа откако истакнатата демократска членка Ненси Пелоси одби да одговори дали Бајден треба да продолжи да се бори за уште еден претседателски мандат.

Loading...

Клуни, кој е истакнат донатор на Демократската партија и организатор на настани за собирање средства, рече дека американскиот претседател има добиено многу битки во својата кариера, но „единствената што не може да ја добие е битката со времето“, пренесува Би-Би-Си.

Оваа изјава дојде веднаш откако поранешниот претседател на Претставничкиот дом и лидер на демократите во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, изјави дека „истекува времето“ во кое Бајден треба да одлучи дали ќе се кандидира за уште еден мандат во Белата Куќа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Северна Кореја: САД и НАТО се најсериозна закана за глобалниот мир и безбедност

Сепак, таа не сакаше да коментира дали Бајден треба да остане во трката или не, нагласувајќи дека таа одлука е на претседателот.

Клуни напиша во Њујорк Тајмс дека е поразително да се каже ова, но дека Џо Бајден со кој се сретнал три недели претходно на собирање средства за кампањата не бил Бајден од 2010 година.

„Тоа не е ни Бајден од 2020 година“. Тоа е истиот човек што сите го видовме во дебатата“, додаде актерот.

Настанот за собирање средства, за кој зборува Клуни, се одржа пред три недели во Лос Анџелес, а покрај актерот учествуваа и познатите актерки Џулија Робертс и Барбра Стрејсенд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот и рускиот министер за одбрана разговарале по телефон

За само една вечер беа собрани неверојатни 30 милиони долари за кампањата на Бајден.

Loading...

Персоналот на Бајден неофицијално соопшти дека претседателот поминал три часа на вечерата во Лос Анџелес, додека Клуни само се појавил, се сликал и си заминал.

Тие истакнаа дека Бајден на настанот дошол директно од Италија, каде што присуствувал на Самитот на Г7.

Клуни, сепак, не отстапува од своите тврдења дека Бајден треба да се повлече.

„Нашите партиски лидери треба да престанат да кажуваат дека 51 милион луѓе не го виделе тоа што ние го видовме. Се работи за возраста и ништо повеќе. Нема да победиме во ноември со овој претседател“, изјави актерот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден се уште верува во победа и по серијата гафови

Според него, неговите грижи се совпаѓаат со оние на секој член на Конгресот со кој разговарал.

Во барањето за коментар, штабот на Бајден ги упати новинарите на писмото што американскиот претседател го испрати до демократите во Конгресот во кое тој рече дека е „цврсто посветен“ на неговата кандидатура и победа над Доналд Трамп.