Џонсон денеска на средба со министрите за новиот вид на коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер, Борис Џонсон, ги повика владините министри денеска да разговараат за новиот вид на коронавирус, за кој, самиот смета, се верува дека е многу позаразен од видот што беше присутен досега, пренесе весникот „Телеграф“.

Loading...

Британската Влада најверојатно денеска ќе ја објави одлуката за засилување на ограничувачките мерки, што ќе вклучуваат и забрана за патување внатре во земјата, особено во југо-истокот на Англија и Лондон.

Портпаролот на Џонсон не беше достапен за коментар.

Британската Влада во понеделникот соопшти дека зголемувањето на бројот на заразени веројатно е поврзано со новиот вид коронавирус, што го подигна нивото на рестриктивни мерки на највисоко ниво.

Сашко Димевски

Leave a Reply