Џо Бајден ја коментираше одлуката на Русија да се повлече од Херсон

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден ја коментираше и ситуацијата во Украина за време на неговиот говор.

Loading...

Запрашан да ја коментира одлуката на Москва да ги повлече војниците од Херсон, Бајден рече дека е заинтересиран за „тајмингот“ на таа одлука.

– Сметам дека е интересно што чекаа по изборите за да ја донесат таа одлука – рече Бајден.

Бајден рече и дека тоа е доказ дека Русите имаат сериозни проблеми во армијата.

– Останува да се види каде води сето ова и дали Украина е подготвена на компромис со Русија. Одам на самитот на Г-20, ми рекоа дека Путин нема да биде таму, но ќе има други лидери, па ќе видиме кои ќе бидат следните чекори – рече Бајден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По критиките од западните земји, ММФ ги одложи економските консултации со Русија

Бајден рече и дека Украина не добила „бланко чек“ на поддршка.

– Им даваме рационални ресурси да се одбранат. Тие постојано бараа нашите авиони да го контролираат украинскиот воздушен простор, ние не го направивме тоа, не дадовме дронови, не сакаме светска војна, туку им дадовме ХИМАРСИ. Не им дадовме системи со долг дострел, затоа што не сакам да бомбардираат руска територија – рече Бајден.

Тој, исто така, рече дека се надева оти по среднорочните избори, Путин ќе биде поспремен да разговара за ослободувањето на ѕвездата на ВНБА, Бритни Гринер, која неодамна беше префрлена во руска казнена колонија за да го отслужи остатокот од деветгодишната казна за шверц на дрога. потврдено кон крајот на октомври.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД: Иран се обиде да влијае на изборите испраќајќи пораки до штабот на Бајден

– Претпоставувам и се надевам дека сега кога ќе завршат изборите, Путин ќе може да разговара со нас и дека ќе биде подготвен посериозно да разговара за размената на затвореници – рече Бајден и додаде дека неговата намера е да ја врати Гринерова дома.

Претседателот рече дека САД имале разговори со Русија – но се надева дека по изборите „ќе има подготвеност за поконкретно преговарање“.

Запрашан дали може да објасни некои од алтернативните начини за напредување што администрацијата претходно ги спомна и како Русија одговори на нив, Бајден одговори: „Можам, но нема“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.