Џакарта не е единствена, опасност ги демне и Пекинг, Вашингтон…

Сподели со своите пријатели

Индонезија официјално потврди дека Џакакарта повеќе нема да биде главен град на земјата и дека се очекува главниот град да го носи името на еден од градовите во Јава, бидејќи главниот град постојано тоне, а има проблеми со нерешлив сообраќаен метеж.

Loading...

Џакакарта е еден од градовите во светот кој најбргу тоне поради зголемувањето на нивото на морето и високата екстракција на подземните води.

Сепак, главниот град на Индонезија, кој уште малку ќе ужива во оваа „титула“, не е единствениот град што има вакви проблеми. Неколку големи американски градови тонат, исто како и главниот град на Кина.

Хјустон

Хјустон тоне со децении и, како и Џакакарта, а делумно е виновна прекумерната екстракција на подземните води.

Image by skeeze from Pixabay

Според американскиот геолошки преглед, делови од округот Харис, во кое се наоѓа Хјустон, потонале помеѓу 10 и 12 стапки (околу 3 метри) од 1920-тите. Областите продолжиле да тонат дури 5 инчи годишно.

Loading...

Во 1975 година, законодавците се обидоа да го решат овој проблем, создавајќи област за специјални намени што треба да го регулира повлекувањето на подземните води. Сепак, проблемот е сè уште присутен, бидејќи бунарите и изворите постојано се повлекуваат од нивните првични слоеви, а досега никој не можеше да влијае на тоа.

Лагос

Градот Лагос, кој се наоѓа на брегот на Нигерија, делумно се наоѓа на копното и делумно се протега на блиските острови. Исто така е најнаселен град во Африка.

Image by Th G from Pixabay

Географската положба на Лагос е таква што е подложна на поплавување, додека крајбрежјето има проблеми со тонење. Бидејќи нивото на морето се зголемува како резултат на затоплувањето на глобалното ниво, градот се повеќе е во опасност.

Една студија од 2012 година открила дека зголемувањето на нивото на морето од само еден до три метри ќе има катастрофални последици, бидејќи Нигерија е на ризично ниска надморска височина.

Посебна студија оваа година откри дека глобалното ниво на морето може да се зголеми за повеќе од два метри до крајот на овој век.

Loading...

Њу Орлеанс

Околу 1930-тите, една третина од Њу Орлеанс беше под морското ниво, а од влијанието на ураганот Кетрин во 2005 година, тој број се преполови.

Image by Ed Judkins from Pixabay

Градот е чувствителен и се соочува со покачување на нивото на морето бидејќи е изграден на лабава земја и во близина на брегот. Експертите откриле дека годишно тоне за нешто повеќе од еден сантиметар.

Пекинг

Едно истражување од 2016 година открило дека делови од Пекинг тонат неколку инчи годишно. Причината е скоро идентична со онаа во Џакарта и Хјустон – осиромашување на подземните води.

Loading...
Image by György Simon from Pixabay

Пекинг не е крајбрежен град и затоа се потпира многу на подземните води како главен извор на најосновните резерви на луѓето.

Инаку, водата се акумулирала во последните години, но нејзината екстракција ја исушила почвата и предизвикала збивање, што предизвикало тонење.

Вашингтон

Главниот град и еден од најважните градови во САД исто така тоне.

Истражувањата од 2015 година откриле дека Вашингтон ќе пропадне за повеќе од 15 сантиметри во следните 100 години.

Loading...

Image by David Mark from Pixabay

За разлика од Џакакарта, тонењето на овој град нема никаква врска со слоеви на вода или покачување на нивото на морето, но главната причина е ледена плоча од последното ледено доба.

Тогашната ледена плоча висока скоро два километри го поместувала лежиштето на земјата околу заливот Чесапик нагоре. Кога ледената плоќа се одмрзнала пред илјадници години, земјата повторно се смирила. Истражувачите сега веруваат дека областа постепено тоне, но сепак е процес што може да потрае илјадници години за целосно потонување.

Сепак, нивото на морето во наведениот залив се зголемува, што може да предизвика дополнителни проблеми.

Loading...

Leave a Reply