Две трети места за кумановските гимназијалци на државен натпревар по сообраќај

Сподели со своите пријатели

Во основното училиште „Војдан Чернодрински” во Скопје за време на викендот се одржаа два државни натпревари – „Детски семафор” за учениците од основните училишта и „Сообраќајно техничка култура на младите” за учениците од средните училишта.

Loading...

[huge_it_gallery id=”62″]

 

 

Натпреварите се состоеја од теоретски дел за правилата и прописите во сообраќајот, како и практичен дел за вешто возење велосипед за основците, односно мопед за учениците од средните училишта.

На натпреварите учествуваа победниците од десетте регионални натпревари кои се одржаа низ државата изминатиов период. Во рамките на натпреварот „Детски семафор” се натпреваруваа 16 екипи со вкупно 96 учесници, а во натпреварот „Сообраќајно техничка култура на младите” 9 екипи со 27 учесници.

Според покажаните резултати во теоретскиот и практичниот дел победнички екипи во „Детски Семафор” се екипите од Карпош, Велес и Македонска Каменица. Најдобри кај средношколците пак беа екипите од Пробиштип, Аеродром и Куманово.

Учениците од СОУ Гимназија ”Гоце Делчев” од Куманово на државниот натпревар освоија трето место во екипно натпреварување, како и трето место во поединечна конкуренција.

Loading...

– Ученикот Бојан Тренчевски го освои третото место во поединечно натпреварување. Јас како ментор сум задоволен од постигнатите резултати, вели професор Драган Илиевски.

 

 

„Детски семафор” и „Сообраќајно техничка култура на младите” се сообраќајно воспитни манифестации со натпреварувачки карактер преку кои традиционално учениците од основните училишта ги совладуваат основните правилата и прописите во сообраќајот и ја унапредуваат способноста за вешто управување велосипед и мопед. Органиозатор на натпреварите е Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

 

Leave a Reply