Како што информираат од ЕВН Македонија, а пренесуваат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска без електрична енергија ќе останат две населени места во кумановско.
Станува збор за најавени исклучувања на електричната енергија во период од 8 до 14 часот и тоа дел од населбата Бабин Дол, како и дел од индустриските објекти во населбата Добрашане.