Две лица од Куманово пријавени за исчезнати, едното малолетно

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово, од кои едно малолетно, биле пријавени за исчезнати вчеравечер во Куманово.

Loading...

Како што информираат од кумановската полиција за исчезната е пријавена 16-годишна девојка, но и 44-годишник.

– На 01.02.2025 година во 00.10 часот во СВР Куманово С.Т. (52) од Куманово пријавил дека неговата ќерка С.С. (16) од Куманово се оддалечила од нејзиниот дом, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Четириесет и четиригодишникот го нема веќе подолго време.

– На 31.01.2025 година во 22.30 часот во СВР Куманово А.Б. (46) пријавил дека неговиот брат Б.Ф. (44) се оддалечил од неговиот дом на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово и подолго време го нема, велат од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нова измама во Куманово – Жртвата остана без 30.000 евра!

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Никола Ивановски