Две кумановски наставнички во финалето на Фестивалот „КРЕФ“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Александра Грубор и Анита Николовска, одделенски наставници при ООУ „Толи Зордумис“ подрачно улилиште во село Режановце, Куманово, се најдоа во финалето на овогодинешното издание на КРЕФ – Меѓународен филмски училишен фестивал, кој годинава се одржува во Штип.

„Волшебна магија“ се насловени филмовите на кумановските наставнички.

Целта на филмот „Волшебна магија 1“ е подигање на свеста кај учениците и пошироката заедница за значењето и зачувувањето на природата и реупотреба на отпадот. Водечка улога во филмот имаат ученици од III-5 и V-5 одделение, односно деца на возраст од осум и десет години.

– Оваа идеја претставува само дел од многуте сработени продукти на нашите ученици, кои се вклучија во изработка на украси од природни материјали , камен , како и пластична амбалажа , гумен отпад и стари предмети од домаќинството, изјави Анита Николовска, ментор на филмот.

Loading...

Проектот бил поделен во седум етапи: разгледување на непосредната околина, планирање на активностите и избор на неколку градини што ќе се декорираат, набавка на потребен материјал и алат за работа, собирање и селекција на отпаден материјал, изработка на украси, декорирање на избраните градини со сработените украси и цвеќе,како и виртуелно средување на градина по избор на учениците во програмата Minecraft .

Вториот филм иако, има сличен наслов, сепак има поинакви цели. На него под менторство на наставничката Грубор работеле учениците од петто одделение.

– Целите тука се ученикот да го разбира концептот на програмирањето, да се оспособи за самостојно креирање програми со редоследна структура, да се оспособи за самостојно креирање програми кои вклучуваат променливи, да се оспособи за самостојно креирање програми со структура за избор од две можности, да се оспособи за самостојно креирање програми со структура за повторување, да се оспособи за самостојно креирање програми со комбинација од структури и програми кои вклучуваат настани, но ида се оспособи за дебагирање на креираните програми, вели Александра Грубор, наставничка при ООУ „Толи Зордумис“ Куманово.

Leave a Reply