Две деца загинаа, а уште шест се ранети денеска кога вооружени напаѓачи отворија оган врз училишно комбе во источната пакистанска провинција Пенџаб.
Властите соопштија дека возачот, кој е меѓу ранетите, се чини дека бил цел на нападот, пренесува АП.
„Нашите првични истраги покажуваат дека возачот имал личен конфликт со некого“, изјави претставник на локалната полиција.
Тој не соопшти никакви дополнителни детали. Полицијата се уште истражува кој стои зад пукањето, а никој не ја презеде одговорноста.
Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари ги повика властите да преземат строга акција против одговорните за овој напад.
Нападите на милитантите во последните години зачестија во Пакистан, главно на северозапад, кој граничи со Авганистан, наведуваат споменатите медиуми.