Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, СВР Куманово поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово против лицата С.Ѓ.(59) и Т.Ѓ (37) и двајцата од Штип поради основано сомнение дека сториле кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
По претходно добиено оперативно сознание дека лицето Т.Ѓ (37) од Штип одгледува насади од растението канабис стаива, лоцирани во с.Татомир, Кратово, од страна на полициски службеници од ПС од ОН Кратово извесен временски период се превземани оперативно мерки при што на вчера (12.08.) во раните утрински часови на лице место се лишени од слобода С.Ѓ – таткото на Т.Ѓ, кој пристигнал со цел да ги полие насадите како и С.С (48) од Штип – такси возач кој бил ангажиран од страна на С.Ѓ три пати во неделата да го вози на релација Штип – с.Татомир, Кратово
По овластување на Јавен обвинител од ОЈО Куманово, увид на лице место изврши увидна екипа на СВР Куманово, при што се пронајдени и запленети вкупно 71 насад од растението „Канабис сатива“ во големина од 1 метар до 2,3 метри кои се откорнати и со потврда за одземени предмети се одземени заедно со пластични канти, гумени црева ,шишиња со течност за прехрана на растенијата и шприцеви.
По наредби на Основен Суд Штип е извршен претрес во домовите и помошните простории на С.Ѓ и Т.Ѓ, при што од домот на Т.Ѓ со потврда за одземени предмети се одземени: најлонска ќеса со НН растителна зелена материја, семе од НН растителна материја, луле со дробалка, четири паковки со ризли, дигитална вага, дурбин, ловечки патрон, 2 куршуми 7,62 мм и куршум за гасен пиштол. Во останатите простории се пронајдени и одземени се: три засадени стебла со должина од 145 цм, 185цм и 190 цм , девет грама растителна материја, 15 стари метални монети а во лозјето сопственост на пријавените се пронајдени и одземени две засадени стебла канабис во должина од 90 цм и 100 цм.
С.Ѓ е спроведен до ОЈО Куманово и по спроведената постапка од страна на Судија на претходна постапка му одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека Т.Ѓ извесен временски период не е на подрачјето на РМ односно истиот престојува или во Р.Германија или во Р.Белгија.