Двајца повредени во напад на Белгород, соборени 55 украински дронови

Сподели со своите пријатели

Дрон на вооружените сили на Украина нападна автомобил во движење во регионот на Белгород, при што беа повредени две лица, изјави денеска гувернерот на белгородската област Вјачеслав Гладков.

Loading...

Тој додаде дека повредените, маж и жена, по укажаната прва помош се пренесени во локалната болница, пренесува Интерфакс.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле 55 беспилотни летала.

Беше објавено дека нападите биле одбиени во шест региони.

„Во текот на изминатата ноќ дежурните системи за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 55 украински дронови: 22 над територијата на регионот Брјанск, 12 над територијата на Ростовската област, десет над територијата на регионот Смоленск, шест беспилотни летала на територијата од областа Воронеж, четири на територијата на Саратовската област и еден на „територијата на регионот Курск“, се наведува во извештајот на руското министерство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рачно напишани пораки од Ким Џонг Ун пронајдени кај севернокорејските војници во Курск