Алијансата за позитивна Македонија денес одржа седница на Главниот Одбор на која се избраа органите и телата на партијата.
На седницата како што информираат, главниот одбор истапил со оценка дека партијата во наредниот период треба да игра активна улога на политичката сцена на Македонија, околу зајакнување на политичкиот центар, промовирање на граѓанскиот концепт, либералните идеологии, како и понатамошното демократизирање на сите пори на македонското општество.
– Почитувањето на правната држава, одвојувањето на партиите и државата од изборниот процес, промена на изборниот систем и изборниот модел во Македонија, воспоставувањето на општествената правда и еднаквите можности за сите граѓани, итно зачленување на Република Македонија во ЕУ и НАТО, развојот на мултикутурното општество и интеркултурализмот, заштитата на човековите права и подгинувањето на животниот стандард во Македонија, се приоритетите за кои што ќе залага Алијанста за позитивна Македонија во наредниот период.
Со изборот на органите и телата на партијата, се комплетира и раководната структира на АПМ.
Универзитетскиот професор д-р Рубин Земон е избран за в.д. претседател на АПМ, додека Сашо Богданоски кој е вработен како државен службеник, Оливера Николова (консултант), Сашо Милковски (дипломиран менаџер по осигурување од Куманово) се избрани за потпретседатели на Алијансата за позитивна Македонија.
Цоки Ристовски, државен службеник од Куманово е избран за секретар на АПМ, а за членови на Извршен одбор беа изберени Проф. д-р Симеон Гелевски, пензионер, поранешен претседател на Врховен Суд на Р.М, Проф. д-р Филип Дума, универзитетски професор, Центар, Скопjе, Проф. д-р Ѓорѓи Тоноски, универзитетски професор, Проф. д-р Златко Димоски, универзитетски професор, Дијана Марковиќ, професор по одбрана, Аеродром Скопје, Симона Ристевска, дипл. политиколог, Кисела Вода, Скопје, Тодор Пендаров, новинар, државен службеник, Карпош, Скопје, Дукадин Маневски, лекар специјалист, Кавадарци, М-р. Никола Шалваринов, магистер по меѓународно право, Центар, Скопје, Асмир Алилспахиќ, адвокат, Петровец, Скопје, Гордана Ѓеорѓиевска, правник, Гостивар, м-р. Бојан Захариев, магистер по спортски менаџмент, Ѓорче Петров, Скопје и Медо Балиќ, приватен стопанственик, Чаир, Скопје.
За извршни секретари се избрани Антонио Секулоски, Антигони Миленкоска, Џевдет Халими и Сашо Атанасов.
Фото: Кумановоњуз