Два сребрени медали за кумановските кик-боксери од Балканското првенство (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кумановските кик боксери од клубот Куманово 2006, Лука Велковски и Александар Стоилковиќ освоија сребрен медал на Балканското првенство кое изминатиот викенд се одржа во Скопје.

Loading...

Во дисциплината К1 во јуниорска конкуренција до 81 килограм во финалето Велковски се сретна со Нургихан Велагиќ од Босна и Херцеговина и во лавовска изедначена борба во кои имаше удари од двете страни, поради крварење од носот кумановскиот кик боксер ја загуби борбата и се закити со сребро.

 

 

Сребрен медал освои и Александар Стоилковиќ во дисциплината кик лајт јуниот до 89 килограми. Во финалето од него беше подобар Матија Дробњак од Црна Гора.

Во сениорската конкуренција настапи Јован Димковски кој загуби во четвртфинале од Душан Радовиќ од Црна Гора, но прикажа добра борба.

 

Loading...

 

Станува збор за доста квалитетно првенство во кое учествуваа преку 200 натпреварувачи од осум држави. Гостин беше и претседателот на Светската WAKO организација, претседатлеот на Кик-бокс федерацијата на Македонија Дејн Митровски Урко, како и претставници на Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет.

 

 

– Сите беа задоволни од прикажаните борби и организацијата. Јас како тренер со оглед на конкуренцијата сум презадоволен од резултатот и очекуваме настапи и успеси и во иднина. Уште еднаш благодарнсот до градоначалникот Максим Димитриевски и правниот субјект Бучен Козјак кои помогнаа да ги реализираме припремите и учеството на турнирот, изјави Сашо Илиевски, тренер на Кик-бокс клубот Куманово 2006.

 

Loading...

 

Инаку првенството се одржа од 3 до 5 септември во Скопје, во организација на Кик-бокс федерацијат ана Македонија, а според калденрато на натпревари на WAKO светската кик-бокс организација.

 

Никола Ивановски