Два силни земјотреси денеска во раните утрински часови го погодија рускиот полуостров Камчатка.
Loading...
Првиот земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала се случи во 09:45 часот по локално време, односно 00:45 часот по московско време, а помалку од еден час подоцна беше почувствуван и втор земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала. пренесува РИА Новости.
Епицентарот на двата земјотреси бил на 83 километри од селото Уст-Камчатка, на длабочина од 21, односно 17 километри, соопшти Министерството за вонредни состојби.
Минатата недела земјотрес предизвика ерупција на вулканот Кључевска Сопка, на крајниот исток на Камчатка.