Два пожари изминатото деноноќие во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две интервенции имале кумановските пожарникари изминатово деноноќие, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Loading...

Пожарникарите повторно интервенирале на запалено ѓубриште на „дивата“ депонија во населбата „Перо Чичо“, вчера во периодот 20:00 до 20:45 часот. Пожарот го гаселе со едно противпожарно возило. На оваа локација речиси секојдневно има пожар.

Пожарникарите гаселе пожар и на запалена сува трева на автопатот Куманово-Скопје во близина на наплатна патарина кај село Романовце во периодот од 20:48-22: 30 часот.

МИА
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 18-годишник од Куманово поради кражба