Маж со оружје и материјали за правење експлозиви е уапсен во соседството на поранешниот американски претседател Барак Обама, изјавија повеќе извори за Си-Би-Ес.
Мажот е идентификуван како Тејлор Таранто (37) од Сиетл, Вашингтон. Медиумите јавуваат дека има активна потерница за негово апсење издадена по 6 јануари и упад во Капитол.
Тајната служба го забележала на неколку блока од куќата на Обама.
Мажот почнал да бега во правец на куќата на поранешниот претседател, но бил фатен.
Комбето на Тарант било паркирано недалеку од местото каде што бил уапсен. Во возилото е пронајдено оружје и материјали за изработка на експлозиви и нешто слично на молотови коктели, јавуваат медиумите.
Американските власти беа загрижени затоа што Таранто неодамна упати закани на социјалните мрежи.
„Тој не беше случајно во соседството на Обама“, рече неименуваниот функционер.
Засега не е познато дали Барак Обама и членовите на неговото семејство биле во куќата во моментот на инцидентот.
Од полицијата велат дека нема повредени.