Драма над Москва: Украинците извршија напад, аеродромите затворени; Светските лидери не можат да слетаат

Сподели со своите пријатели

Украинската армија ја нападна Москва со дронови, и поради ова, повеќето аеродроми во руската престолнина беа затворени, непосредно пред доаѓањето на Си Џинпинг и други светски лидери за да го прослават Денот на победата над нацизмот, пишува Ројтерс.

Loading...

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека руските единици за воздушна одбрана уништиле најмалку 14 украински дронови помеѓу вторник и среда наутро.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кинескиот претседател денес оди во Русија, ќе биде на парадата на Путин

Клучните московски аеродроми останаа без работа поголемиот дел од ноќта, а рускиот национален авиопревозник „Аерофлот“ соопшти дека го менува распоредот на летови за да се справи со прекините.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, исто така, замина во најавена посета на Москва, каде што треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, но авионот со кој леташе мораше итно да слета во Азербејџан, поради војната во Украина и дејствата на борбените средства во воздушниот простор.

 

Loading...