Дождот нема да престане и денес

Сподели со своите пријатели

Како што јавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи и во текот на денешниот ден не очекува претежно облачно време со повремен локалeн дожд.

Loading...

Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а температурата ќе се движи од 8 до 14 степени во минимум, додека максималните дневни ќе бидат во границите од 15 до 21 целзиусов степен.

Во Куманово денеска времето ќе биде претежно облачно проследено со врнежи од дожд, но во текот на денот можеме да очекуваме и минимални сончеви периоди.

Температурата ќе се движи од минамални 11 степени во утринските часови, до максимална дневна вредност од  19 степени целзиусови.

За време на продолжениот празничен викенд нашата земја ќе биде под влијание на серија влажни вздушни бранови од Медитеранот, кои ќе предизвикаат претежно облачно време со врнежи од дожд  на повеќе места ќе бидат обилни.

Во сабота и недела локално се очекува да наврнат околу 50 л/м2 воден талог, особено во западните и северните делови. Ќе дува умерен а во недела повремено засилен југоисточен ветер. Во понеделник врнежите ќе бидат полокализирани и со послаб интензитет, додаваат од УХМР.