Дополнителни средства за заловување кучиња скитници во Куманово

Сподели со своите пријатели

Кумановци реагираат дека бездомни кучиња напаѓаат граѓани, денеска од општина информираа дека имаат пријави за појава на поголем број кучиња во одредени делови од градот. Посебн проблем за граѓаните се бездомните кучиња во населбата „Гоце Делчев“.

Loading...

Пред две недели завршен е годинешниов тендер за заловување на кучиња скитници, кој општината го склучи со А.Д. Ветеринарно сточарски центар „Тодор Велков“ Куманово

– Побарано е од страна на инспекциските служби да се направи анекс на договор, да се обезбедат дополнителни средства до крајот на годината. Ветено ни е од секторот за финансии дека ќе се обезбедат средства и ќе има анекс на договор, сè додека не се објави нов тендер. Годинава на располагање имавме 1.271.000 денари за заловување на бездомни кучиња кои очигледно не се доволни. Побаравме зголемување на тие средства, но сакам да потенцирам дека проблематиката се третира согласно Законот за благосостојба на животни во член на 7 се вели дека надзор на спроведување го врши Агенцијата за храна и ветеринарство, изјави раководителот на одделението за инспекциски надзор, Бобан Бојковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отворена изложбата „Гласна тишина“ на Мартина Спасовска во Куманово

Според него многу важно е проблемот системско решение и дека заловувањето е само парцијално решение. Сите инволвирани, оние кои чуваат, оние кои имаат одгледувачнциа мора да ги пријават.

Потребни се и редовни контроли и соодветни санкции и подигање на свеста кај граѓаните.

– Инспекцијата не ги решава проблемите туку мерките, почитувањето на законите, свеста за одговорна грижа за милениците, додава Бојковски.

Лани биле заолевни 165, годинава 136 кучиња поради високите цени на третман на кучињата.

Во градот според сите параметри, доколку се почитува законот би требало да има само од 20 до 30 кучиња.

Loading...

МИА