Извршниот одбор на партијата за Демократска обнова на Македонија – ДОМ, донесе одлука за прекинување на договорот за учество во широката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ. Ова решение е донесено откако членовите на одборот ја разгледале актуелната политичка ситуација во земјата.
Loading...
„Со овој чекор ДОМ ќе помогне во разрешувањето на длабоката политичка криза која е закана за стабилноста на Република Македонија. Оваа одлука ќе биде предложена на Централниот одбор што ќе се одржи деновиве“, се вели во соопштението од ДОМ.
Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска е пратеничка во Собранието на Република Македонија. Поповска порано беше член на ЛДП, и потпретседател на Собрание на РМ во периодот од 2003 до 2005 година.