Дојава за бомба на лет од Белград кон Москва

Сподели со своите пријатели

Авионот на линијата Белград-Москва безбедно слета на аеродромот Шереметјево, откако добил порака за закана за бомба, вели претставникот на итната помош за руската агенција Риа Новости.

Loading...

Авионот слета на аеродромот Шереметјево во 11.39 часот по московско време, пренесува РИА Новости.

 

Фон дер Лајен и Борел пристигнаа во Киев, наскоро ќе имаат средба со Зеленски

 

Според евиденцијата на веб-страницата на московскиот аеродром, слетал авион на „Ер Србија“ од Белград.

Портпаролот на итната служба за РИА Новости изјави дека по пријавувањето на бомбата, слетувањето било безбедно.

Руската агенција наведува дека нема повредени.

Loading...

Дојавите за бомби на летот Белград-Москва се чести уште од почетокот на војната во Украина.

 

Зеленски: Ситуацијата во градот Бородјанка е многу полоша отколку во Буча

 

Само минатиот месец, за две недели, имало дури 10 пријави дека во авионот на „Ер Србија“ била пронајдена експлозивна направа за која било утврдено дека е лажна.

Поради тоа, Обвинителството за организиран криминал поведе предистражна постапка против непознати сторители во насока на кривично дело тероризам.

На почетокот на неделава беа забележани уште две лажни пријави за бомбата – на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, како и во канцеларијата на „Ер Србија“ во близина на црквата Свети Марко.