Рeгионалниот Центар за ГР Југ поднесе кривична пријава против Б.Б. (19) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Loading...
Пријавениот на 20 декември на стариот пат за Градско од страна на полициски службеници бил забележан во патничко возило „мерцедес“, кое не било во возна состојба.
По извршен преглед во непосредна близина на возилото бил затекнат и седумнаесетгодишник од Неготино кој со патничко возило „ауди“ бил негова претходница со уште четворица непознати македонски државјани.
Исто така, во близина на возилото се пронајдени и пет мигранти, од кои четворица од Мароко и еден од Алжир кои за износ од 700 евра требало да ги превезат до Куманово.