Договор меѓу Киев и Вашингтон за ретките би можел да биде потпишан неделава

Сподели со своите пријатели

Американскиот министер за финансии Скот Бесант изјави дека Вашингтон и Киев би можеле да потпишат договор за ретки метали веќе оваа недела.

„Многу сме блиску до потпис. Можеби дури оваа недела“, изјави Бесант во интервју за Блумберг.

Бесент изјави дека Украина претставила контрапредлог за договорот и дека преговорите се уште се во тек.

Консултациите за договорот почнаа минатата недела, пренесува Танјуг.

Претходно, министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, изјави дека Украина веќе го формулирала својот став за договорот со САД и дека целта е да се постигне заемно корисен договор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија: Уништивме 250 украински дронови кои викендов одеа кон Москва

Бесент претходно истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп планира да го искористи договорот со Украина како алатка за вклучување на Русија во преговорите, пренесува Танјуг.