До септември ќе се осветли клучката кај населба Карпош – Куманово

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие за државни патишта за до средина на септември годинава најавува завршување на почнатите активности за осветлувањето на 12 клучки и крстосници на регионални патни правци со поддршка од Светска Банка. Се работи за клучките Оризари, Истибања, Удово, Асамати, Љубојно, Македонски Брод, Пелинце, Виница, Лаквица, Росоман и клучка Карпош- Куманово.

Loading...

Вкупната должина осветлен пат на овие 12 клучки изнесува 10.200 метри, а ќе бидат поставени вкупно 255 еднокраки и двокраки канделабри. Инвестицијата е во вредност од 36 милиони  денари.

Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов денеска направи увид во градежните активности на клучката Карпош- Куманово  на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, како  и на клучката Пелинце на делницата Куманово-Пелинце.

На  клучката Карпош активностите се во поодмината фаза и се работи на поставување на канделабрите, додека на клучката Пелинце е завршено со бетонирање на фундаментите за канделабрите, по што ќе бидат поставени.

Паралено се почнати градежни работи и на клучките Асамати, Љубојно и   Суводол-Македонски Брод, а  се планираат активности за почнување и на клучките Оризари, Истибања и на влезот во Виница.

Од ЈП за државни патишта соопштуваат дека продолжуваат со проектот за осветлување на клучките на државните патишта со цел да се подигне нивото на услуги за корсиниците и пред се да се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот.