Секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово, работејќи во континуитет за отстранување на дивите продавачи покрај градскиот Зелен пазар, како и на локации забранети за продажба на раноградинарски производи, денес најави нови акции од следната недела, откако производителите од Струмица повторно го запоседнаа просторот пред Спортската сала на бул. Октомвриска Револуција.
– Денеска одржавме состанок со пазарната инспекција, и договоривме дека во содејство со инспекторите и полицијата, ќе делуваме на терен за соодветно отстранување на дивите продавачи од Струмица, вели Вера Лазаревска, раководител на Секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово.
Досегашните спроведени акции според Лазаревска, вродиле со плод откако дивите продавачи беа отстранети пред градскиот Зелен пазар, но, поради несовесното однесување на поединци, инспекциските контроли работат во смени и дежураат пред патеките предвидени за пешаци на бул. Трета МУБ.