Директор на московскиот аеродром пронајден мртов: Имал класифицирани информации за последниот лет на Евгениј Пригожин

Сподели со своите пријатели

Алексеј Коршенко, кој управувал со терминалот за деловна авијација на московскиот аеродром Шереметјево, од каде што Пригожин полетал на својот последен лет, бил задолжен за терминалот од кој полетал контроверзниот водач на платенчката група Вагнер пред неговиот авион да се сруши и да се запали во 2023 година.

Несреќата се случи два месеци откако Пригожин предводеше вооружен бунт против рускиот претседател, што сериозно го потресе Кремљ.

Коршенко (57) бил пронајден обесен на балконот од неговиот стан во Москва на 6 јуни, но неговиот идентитет бил откриен дури оваа недела, објавува „Москва тајмс“.

Руските истражители ја третираат неговата смрт како сомнително самоубиство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пентагон означи 33 руски универзитети како ризик за националната безбедност на САД

Сепак, неговите колеги го оспоруваат таквиот заклучок и наведуваат дека тој одеднаш бил отстранет од функцијата околу три недели пред неговата смрт, пишува овој весник.

 

 

Пријателите на Коршенко, исто така, ја доведуваат во прашање официјалната верзија на настаните, истакнувајќи дека тој имал чувствителни информации за тоа што се случило со авионот на Пригожин на денот на смртта на водачот на групата Вагнер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ конечно договори нови санкции против Русија: На удар два сектора

Меѓу настаните што доведоа до полетувањето беше замената на дел од бразилскиот авион „Ембраер“, за кој се тврдеше дека имал дефект.

Се верува дека Коршенко имал информации за тие технички проблеми пред полетувањето, како и пристигнувањето на компанија за која се вели дека има длабоки врски со рускиот организиран криминал за да го обезбеди резервниот дел.

Евгениј Пригожин, основач на групацијата „Вагнер“, чиј краткотраен бунт против рускиот претседател беше најсериозниот предизвик за владеењето на Путин досега, загина во авионска несреќа северно од Москва во август 2023 година.

Бидејќи несреќата се случи само неколку недели откако Путин го осуди „предавството“ на Пригожин и го нарече бунтот „нож во грб“, постои широко распространето верување дека авионската несреќа е оркестрирана од Кремљ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија губи над 5.000 војници неделно во војната против Украина, тврди Рубио

Откако авионот се урна во рускиот регион Твер, при што загинаа сите патници, на истражителите им беше одбиен пристап до снимките од безбедносните камери на терминалот, а претставници на Федералната служба за безбедност (ФСБ) веднаш го запленија извештајот од инспекцијата на авионот.

Официјалните руски извештаи го припишуваат падот на Пригожин на детонација на рачна граната за време на лет, иако западните разузнавачки извори теоретизираат дека инцидентот го водел Николај Патрушев, поранешниот секретар на Советот за безбедност на Русија.