Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски информираше дека последната инвестиција во образованието во Куманово е во далечната 1983 година.
„За две години реализиравме повеќе од 13 инвестиции во образованието во општина Куманово. Ги подобривме училиштата, на младите им овозможивме
подобри услови за следење на наставата, како и достоинствени услови на вработените. Ова се децениски проблеми, кои сега ги решаваме. Во однос на гимназијата „Сами Фрашери“, во следниот мандат овој проблем ќе биде решен“, порача Димитриевски.